ТВИТЕР ЌЕ ГИ ЗАБРАНИ СИТЕ ВИДОВИ НА ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ

    ТВИТЕР ЌЕ ГИ ЗАБРАНИ СИТЕ ВИДОВИ НА ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕИзвршниот директор на Твитер, Џек Дорси кажа дека забраната ќе стапи на сила на 22 ноември (Фото: Ројтерс)

    Твитер во целост ќе го забрани политичкото рекламирање, објавувајќи дека пристап до таквите пораки треба да се заслужи, а не да се купи.

    За разлика од Твитер, ривалскиот Фејсбук неодамна ја отфрли можноста за забрана на политичко рекламирање на својата платформа.

    „Иако рекламирањето на интернет е исклучително моќно и многу ефективно за комерцијални огласувачи, таа моќ носи значителни ризици за политиката“, напиша извршниот директор на Твитер, Џек Дорси.

    Веста за забраната ги подели политичките кампови во САД во пресрет на изборите во 2020 година.

    Бред Парскејл, менаџерот на кампањата на Доналд Трамп, изјави дека ова е уште еден обид на левичарите да се замолчат Трамп и конзервативците, додека демократите ја поздравија одлуката.

    „Во соочувањето со изборот помеѓу доларот и интегритетот на нашата демократија, охрабрувачки е што, барем еднаш, профитот не победи“, изјави Бил Русо, портпаролот на кампањата на демократскиот кандидат Џо Бајден.

    Реагирајќи на одлуката, Марк Закерберг продолжи да ја брани политиката на Фејсбук.

    „Во демократија, мислам дека приватните компании немаат право да цензурираат вести или политичари“, изјави коосновачот на Фејсбук.

    Забраната на Твитер ќе стапи на сила на 22 ноември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира