ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ВЕЛЕС ТРИ МЕСЕЦИ БЕЗ КОМАНДИР

    ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ВЕЛЕС ТРИ МЕСЕЦИ БЕЗ КОМАНДИРОрце Коцески е разрешен на 27 јули и досега не е именуван негов наследник (Фото: СДК.МК)

    Велешката полициска станица нема командир три месеци. Откако на 27 јули од страна на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски беше разрешен командирот Орце Коцевски, негов наследник не е назначен. Него го именува Советот на Општина Велес, по предлог на министерот. Тој за 39. седница одржана на 29 август достави листа од тројца кандидати, но истата беше повлечена.

    „Полициска станица Велес нема командир подолго време и тоа е несериозно. Потребно е што побрзо министерот Спасовски да достави предлози и ние како Совет да го избереме. На седницата во август беше ветено дека нова листа кандидати ќе добиеме за 15 дена, а минаа два месеца“, рече Драган Димески, советник од ПОДЕМ.

    Зошто Коцевски е разрешен, немаше одговор ниту од Советот, ниту од градоначалникот. Орце Коцевски е генерален секретар на Независниот полициски синдикат, кој пред еден месец протестираше. Меѓу барањата беше и запирање на пресметките со синдикалните претставници.

    Две и пол години нема ни началник кој е надреден за командирите на полициските станици од Велес, Кавадарци и Неготино.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира