Сите 39 луѓе кои минатата недела беа пронајдени мртви во камион во Англија биле државјани на Виетнам, објави полицијата.
Жртвите беа пронајдени во контејнер-ладилник во индустриска зона во Есекс и во прв момент се веруваше дека се Кинези. Полицијата на Есекс сега објави дека е во директен контакт со одреден број фамилии во Виетнам и Велика Британија, како и со владата на Виетнам.
Неколку виетнамски семејства деновиве изјавија дека стравуваат дека нивни роднини се меѓу починатите.
Во ладилникот се пронајдени 31 маж и осум жени и причината за нивната смрт и натаму се утврдува.
„Во овој момент веруваме дека сите жртви се виетнамски државјани. Засега не сме во можност да идентификуваме никого од нив“, изјави помошничката на шефот на полицијата Констејбл Тим Смит.
Возачот на камионот и официјално е обвинет за убиство на 39 луѓе, а полицијата трага по уште неколку Северноирци.