„АИРБНБ“ ЌЕ ЗАБРАНИ ДА СЕ ИЗНАЈМУВААТ КУЌИ ЗА ЗАБАВИ ОТКАКО ПЕТ ЛИЦА БЕА УБИЕНИ ВО КАЛИФОРНИЈА

    „АИРБНБ“ ЌЕ ЗАБРАНИ ДА СЕ ИЗНАЈМУВААТ КУЌИ ЗА ЗАБАВИ ОТКАКО ПЕТ ЛИЦА БЕА УБИЕНИ ВО КАЛИФОРНИЈАКуќата во близина на Сан Франциско била букирана од мала група, која потоа таму организирала голема забава за Ноќ на вештерките (Фото: ЕПА)

    „Аирбнб“ објави дека ќе забрани изнајмување простор за правење забави откако пет лица беа убиени во пукањето во дом во Калифорнија изнајмен преку компанијата.

    Куќата во близина на Сан Франциско била букирана на име на мала група, која потоа на Инстаграм објавила дека таму ќе се организира забава за Ноќ на вештерките, на која се појавиле повеќе од 100 луѓе. Домаќините не пријавиле во компанијата дека ќе прават забава, на која дошло до пукање, во кое што на самото место биле убиени три лица, а уште две починале во болница. Сите убиени имале под 30 години.

    Полицијата кажа дека засега никој не е уапсен во врска со пукањето, додавајќи дека во куќата се пронајдени два пиштола.

    „Компанијата ќе преземе мерки за да се спречат непријавени забави во иднина. Ова е неприфатливо“, изјави извршниот директор на „Аирбнб“, Брајан Чески.

    Полицијата кажа дека затекнала хаотична сцена кога дошла на местото на настанот, но нема осомничени за пукањето. Настанот бил огласуван на социјални мрежи како „забава во палата“, која се случува во простор изнајмен на „Аирбнб“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира