Околу 300 гости во свингерски клуб во близина на германскиот град Келн беа евакуирани откако се вклучи алармот за јаглерод моноксид во саботата вечер, соопшти Противпожарната служба. Двајца од гостите колабираа, а осуммина други, вклучувајќи и еден спасувач беа хоспитализирани.
Портпаролот на Противпожарната служба кажа дека кога пристигнале надлежните да го проверат нивото на јаглерод моноксид во зградата, не било откриено ништо невообичаено, по што на гостите им било дозволено да се вратат и да си земат личните работи.
„Забавата сепак, не продолжи“, кажа тој.
Околу 160 спасувачи беа вклучени во операцијата, а полицискиот портпарол рече дека во понеделник ќе биде одлучено дали ќе има истрага за криминал.