СКОПСКА ФИРМА ИЗРАБОТИ ПРОЕКТ ЗА СТУДЕНЧИШКО БЛАТО, ОХРИД ДАВА САМО ПОДДРШКА

    СКОПСКА ФИРМА ИЗРАБОТИ ПРОЕКТ ЗА СТУДЕНЧИШКО БЛАТО, ОХРИД ДАВА САМО ПОДДРШКАОд „Тетрактис“ велат дека нивна цел е овозможување природно функционирање на Студенчишко Блато (Фото: СДК.МК)

    Фирмата „Тетрактис” од Скопје изработи архитектонско-урбанистичка анализа во функција на ревитализација на Студенчишко Блато, преку воспоставување на одржлив економски модел, но од Општина Охрид велат дека проектот не бил изработен по нивно барање.

    „Општина Охрид нема доставено барање за изработка на проект за ревитализација на Студенчишко Блато. Тоа е идеја на фирмата ‘Тетрактис‘, но секој предлог за зачувување на овој споменик на природата има наша поддршка”, изјавија од локалната власт.

    Од фирмата велат дека единствена нивна цел е овозможување природно функционирање на Студенчишко Блато.

    „Целта на oвoј прoект е ревитализација на Студенчишкo Блатo, овозможување на негово природно функционирање, заедно со воспоставување одржлив економски модел на содржини, кои се насочени кон развој на локалитетот. Студенчишко Блато е едно од ретките природни блата на територијата на Македонија кое е валоризирано како споменик на природата, но моментално е во незавидна состојба поради несоодветниот третман и лошата и несоодветна експлоатација”, соопштија од „Тетрактис“.

    На 7 ноември, во „Јавна соба” во Скопје ќе се одржи презентација на проектот за да се поттикне конструктивен дијалог меѓу културната и експертската јавност.

    Зачувување на Студенчишко Блато и негова ревитализација со децении е еден од поважните проблеми на Охрид и досега не се изнајде конкретно решение.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира