3,9 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЌЕ БИДЕ БУЏЕТОТ ЗА 2020

    3,9 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЌЕ БИДЕ БУЏЕТОТ ЗА 2020Министерката за финансии Нина Ангеловска на владина седница (Фото: Влада)

    Буџетот за 2020 година ќе изнесува 239 милијарди и 700 милиони денари или 3,9 милијарди евра, што е за 5 отсто повеќе од годинашниот буџет, кажа министерката за финансии Нина Ангеловски, на денешната прес-конференција во Владата.

    Таа рече дека приходите ќе изнесуваат 222 милијарди и 300 милиони денари или 3,6 милијарди евра, што е за 5,6 отсто повеќе од годинава. Дефицитот е проектиран на 2,3 отсто од БДП, рече Ангеловска.

    Таа рече дека зголемувањето ќе се постигне со поголем даночен опфат и полесни административни процедури за намалување на даночната евазија.

    Најголеми ставки во буџетот се Социјална заштита – 88 милијарди денари, Здравство – 38 милијарди денари и Образование – 28 милијарди денари.

    М. ИЛИОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира