ОХРИД ЧЕТИРИ ГОДИНИ НЕМА ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН, СТАРИОТ ВАЖЕШЕ ДО 2015

    ОХРИД ЧЕТИРИ ГОДИНИ НЕМА ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН, СТАРИОТ ВАЖЕШЕ ДО 2015Генерален урбанистички план за Охрид беше донесен во 2005 и требаше да важи 10 години (Фото: Ѓ. Личовски)

    Охрид веќе четири години нема генерален урбанистички план. Последен пат ваков план бил донесен во 2005 година и требало да важи десет години.

    „Генерален урбанистички план за Охрид беше донесен во 2005 година. Требаше да важи до 2015. Значи тој план веќе не важи, а урбанистичките проблеми во градот се решаваат парцијално, со детаљни урбанистички планови, со кои, на пример, се одредува висина на станбени објекти и некои други урбанистички зафати. Интересно е што со него делот каде што се наоѓа некогашната фабрика ‘Братство‘ се води како индустриска зона, а таму има згради и сместувачки капацитети. Првобитната намена на тој план е надмината. Дополнување на генералниот урбанистички план е донесено пред неколку години за просторот кај Студенчишко Блато поради намерата тука да се изгради марина за пловни објеки”, ни изјавија од локалната самоуправа.

    И градоначалникот Константин Георгиески ни потврди дека генералниот урбанистички план за Охрид важел до 2015 година. Непостоењето на нов генерален урбанистички план им создава проблеми и на инвеститорите и на граѓаните.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира