НАЈМАЛКУ 200.000 ЧЕСИ НА ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ ПРЕМИЕРОТ БАБИШ

    НАЈМАЛКУ 200.000 ЧЕСИ НА ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ ПРЕМИЕРОТ БАБИШЧесите денеска одбележуваат и 30 години од револуцијата со која беше урнат комунистичкиот режим (Фото: АП)

    Најмалку 200.000 луѓе се собраа во Прага на протестот против чешкиот премиер Андреј Бабиш, повикувајќи го на оставка поради обвинувањата за измама.

    Бабиш, кој е милијардер, се обвинува дека искористил фондови од Европската Унија за приватни бизниси, што тој го демантира.

    Протестот се одржа на 30-годишнината од мирната револуција, која го најави крајот на комунистичкото владеење во тогашна Чехословачка. Денешните демонстрации се одржаа во паркот Летна, кој беше место и на најголемите маршеви во ноември 1989.

    „Ние сме тука“, извикуваа демонстрантите, алудирајќи на слоганот што ги обележа протестите пред 30 години.

    И додека чешката полиција го процени бројот на демонстрантите на 200.000, организаторите велат дека ги имало 300.000.

    „Не разбирам зошто протестираат против мене“, кажа Бабиш.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира