ИЗБЕГАНИОТ ГРУЈЕВСКИ ПАК ОСУДЕН НА ГОДИНА И ПОЛ ЗАТВОР ЗА ПАЛЕЊЕТО ИЛЈАДНИЦИ ДОКАЗИ ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕТО

    ИЗБЕГАНИОТ ГРУЈЕВСКИ ПАК ОСУДЕН НА ГОДИНА И ПОЛ ЗАТВОР ЗА ПАЛЕЊЕТО ИЛЈАДНИЦИ ДОКАЗИ ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕТОПоранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски е првиот избеган поранешен функционер кој доби пресуда во отсуство. - Грујевски пред Кривичниот суд (архивска фотографија)

    Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ, посочена во извештај на Стејт Департментот за бизнис и фамилијарни врски со ВМРО-ДПМНЕ, го осуди избеганиот ексначалник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски на 1 година и 6 месеци затвор за незаконско палење на околу 20.000 списи-докази во УБК за масовното прислушување за кое е главен обвинет во предметот „Тврдина-Таргет“.

    Грујевски истата казна ја добива од Основниот суд Скопје 1 по вторпат, откако Апелација во мај 2018 го врати предметот „Тврдина 2“ на повторно судење. Првата пресуда во отсуство му ја изрече судијката Лидија Петровска, позната како таканаречената „сваровски судијка“ од прислушуваните разговори.

    Грујевски е првиот избеган поранешен функционер кој доби пресуда во отсуство. Пресуда на обвинето лице потешко застарува, отколку кривично дело во обвинение на лице во бегство.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира