ИЗБЕГАНИОТ ЕКСНАЧАЛНИК НА ПЕТТАТА УПРАВА ГОРАН ГРУЈЕВСКИ СЕ ВРАБОТИЛ ВО КУЈНА ВО РЕСТОРАН НА ГРЧКИ ОСТРОВ

    ИЗБЕГАНИОТ ЕКСНАЧАЛНИК НА ПЕТТАТА УПРАВА ГОРАН ГРУЈЕВСКИ СЕ ВРАБОТИЛ ВО КУЈНА ВО РЕСТОРАН НА ГРЧКИ ОСТРОВГрујевски границата ја напушти со идентитетот на Владимир Варелов од УБК, кој е двапати поситен во физичката градба од неговиот шеф. - Горан Грујевски и Никола Бошкоски на сајтот на МВР во делот „Потраги“

    За избеганиот бивш началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, како и за кобегалецот Никола Бошкоски (Неџби и Христо), Министерството за правда нема механизам како да ги врати од Грција.

    Грујевски си нашол и работа на грчки остров, велат извори блиски до неговото семејство. Работел како пекар во кујна во ресторан на островот, чие име не го кажуваат соговорниците.

    Грујевски и Бошкоски се главните обвинети во главниот судски процес на Обвинителството, „Тврдина-Таргет“, за масовното незаконско прислушување, кое траело со години за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Грујевски уште е обвинет и во предметот „Тврдина 2“ за незаконско палење на списи и документи на УБК, докази за масовно прислушување на граѓани, но и во предметот „Трезор“, заедно со Сашо Мијалков и Небојша Стајковиќ, за незаконска набавка на опрема за прислушување од Велика Британија.

    Бошкоски, пак, е еден од петтемина обвинети за целата организација и напад на Собранието на 27 април 2017 година. За него нема информација каде престојува со дозвола на грчките судски власти и што работи. Судењето наскоро ќе почнува.

    Грујевски и Бошковски се во бегство од 26 јули 2017 година, кога требаше да бидат спроведени во притвор, но полицијата не ги најде дома.

    Двајцата избегаа откако Апелациониот суд Скопје по носењето на одлука со која им одреди притвор, место веднаш како сите граѓани да бидат однесени во Шутка, судот им даде една недела рок да се жалат до Врховниот суд. Токму тие денови двајцата ги искористија за бегство од државава.

    Граничната полиција го пушти Грујевски со идентитетот, односно пасошот на неговиот колега Владимир Варелов, кој е исто така обвинет во „Тврдина-Таргет“.

    Грујевски и Бошковски набргу беа уапсени на солунскиот аеродром на 18 октомври со лажни бугарски пасоши (со имиња Неџби Хасан и Христо Атанасов), кривично дело за кое што против нив во Грција се водеше посебен процес. Во меѓувреме, двајцата поднесоа барање за политички азил.

    Семејството на Грујевски оди кај него, го посетува кај што живее и работи во Грција.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира