Во дворот на Општина Чаир беше поставена биста од американскиот претседател Вудро Вилсон. Бистата е поставена во чест на 100-годишнината од потпишувањето на Версајскиот договорот, со кој беше означен крајот на Првата светска војна.
Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу рече дека се одлучиле да му оддадат почит на претседателот Вилсон бидејќи на Париската мировна конференција, застанал во заштита на правото на малите држави на Балканот за самоопределување и слобода.
На свеченото отворање на бистата присуствуваа и претставници од родниот град на Вилсон, Стаунтон.
Вудро Вилсон е 28. претседател на Соединетите Американски Држави од 1913 до 1921 година. Основач е на Лигата на нации.
А. АНТЕВСКА