И МИЛИЈАРДЕРОТ МАЈКЛ БЛУМБЕРГ СЕ КАНДИДИРАШЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД

    И МИЛИЈАРДЕРОТ МАЈКЛ БЛУМБЕРГ СЕ КАНДИДИРАШЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САДТрамп кажа дека Блумберг би му бил омилен противкандидат (Фото: АП)

    Поранешниот градоначалник на Њујорк, милијардерот Мајкл Блумберг, и официјално влезе во трката за претседател на САД, како уште еден кандидат на Демократската партија. Седумдесет и седумгодишниот Блумберг кажа дека неговата цел е да го порази Доналд Трамп и да ја обнови Америка.

    „Влогот не може да биде поголем. Мора да ги добиеме овие избори“, изјави Блумберг.

    Тој е веќе 18. кандидат од редовите на демократите и според сегашните анализи, најдобро стојат Џо Бајден, Елизабет Ворен и Берни Сандерс. Сепак, Блумберг смета дека овие имиња не се доволно силни за да го победат Трамп. Во почетокот на овој месец, Трамп кажа дека најмногу би сакал да се соочи токму со Блумберг.

    Мајкл Блумберг е осмиот најбогат Американец, чие богатство „Форбс“ го проценува на 54,4 милијарди долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира