ДЕН ПОДОЦНА, ВЕЛЕС ЈА ОДБЕЛЕЖА 80-ГОДИШНИНАТА ОД ПЕЧАТЕЊЕТО НА „БЕЛИ МУГРИ“ НА РАЦИН

    ДЕН ПОДОЦНА, ВЕЛЕС ЈА ОДБЕЛЕЖА 80-ГОДИШНИНАТА ОД ПЕЧАТЕЊЕТО НА „БЕЛИ МУГРИ“ НА РАЦИНОдбележувањето во Велес е се одржа ден годишнината од издавањето на стихозбирката, кое се случило на 25 ноември 1939- во хрватскиот град Самобор (Фото: СДК.МК)

    „Стихозбирката ‘Бели мугри’ веќе 80 години е вечнина оставена за навек. Таа е сопатник на вечност“, рече денеска проф. д-р Кристина Николовска на поетското чествување за Кочо Рацин, во Градската библиотека во Велес.

    Одбележувањето во Велес се одржа ден после годишнината од издавањето на стихозбирката, кое се случило на 25 ноември 1939 во хрватскиот град Самобор. Осумдесеттиот јубилеј од печатењето на стихозбирката „Бели мугри“ ја одбележаа Македонците во Хрватска и властите на градот Самобор, со повеќе настани вчера и неколку дена порано.

    „Чест е да се отвори едно писмо, во кое има недокажаности, непознаници за нашиот голем, преголем Рацин. Чест е да зборувам за великанот на нашата книжевност, уметност и култура, Коста Солев Рацин. Та нели е се кажано за ‘Белите мугри’, па сепак недокажано оти таа е како океан од мудрини на неговиот стих, извор непресушник на неговата мисла, река од енергија на неговата реч“, кажа Николовска.

    Во продолжение од чествувањето, стихови посветени на Рацин и „Белите мугри“ читаа членовите на клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ кој заедно со Градската библиотека и Општина Велес, беа организатори на настанот.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира