ОХРИДСКИОТ СТАДИОН ЌЕ ДОБИЕ НОВА ТРИБИНА ОД ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА

    ОХРИДСКИОТ СТАДИОН ЌЕ ДОБИЕ НОВА ТРИБИНА ОД ЕДЕН МИЛИОН ЕВРАНовата трибина ќе има капацитет од 1.480 седишта (Фото: СДК.МК)

    На градскиот стадион „Билјанини извори” во Охрид наскоро ќе почне изградба на нова трибина. Таа ќе чини еден милион евра, што е најголема инвестиција во спортската инфраструктура во градот во последнава деценија. Проектот го реализираат Општина Охрид и Фудбалската федерација на Македонија.

    „Трибината ќе биде изградена по највисоки светски стандарди и ќе има капацитет од 1.480 седишта. Во нејзиниот централен дел се предвидени ВИП-седишта, коментаторска кабина и простор за камери. Еден дел од трибината ќе биде наменет за инвалидизирани лица со посебни пристапни патеки”, соопштија од локалната самоуправа.

    Проектот е важен за заживување на спортот во градот, но и за развој на спортскиот туризам, бидејќи се очекува на еден ваков стадион на подготовки да доаѓаат многу спортски екипи.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира