Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се скараа на последната седница на Советот кога на дневен ред дојде изборот на шефот на градската полиција.
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ демонстративно ја напушти седницата со образложение дека не е во ред да се врши ваков избор на неколку месеци пред парламентарните избори, а предложените кандидати, кои и досега биле на највисоките функции во полициската станица во Штип, ништо не сториле во откривањето на сторителите на двата подметнати пожара, во кои изгореа неколку автомобили.
СДСМ сметаше дека безбедносната состојба во градот е стабилна и нема никакви пречки да се изврши изборот на предлог на министерот Спасовски, па за шеф на полицијата беше избран Драган Данев, кој и досега беше командир. Останатите двајца кандидати, Ристо Бумбаров и Ванчо Коцевски, најверојатно и натаму ќе ја вршат функцијата помошници на командирот.
Т. ЈОВАНОВСКИ