КОМИСИЈАТА ЗА ИЗБОРИ И ИМЕНУВАЊА ГО ОДБИ БАРАЊЕТО ЗА АПАНАЖА НА ЈАНЕВА И ГО ПРЕДЛОЖИ МАКСИМ АЦЕВСКИ ЗА ДРЖАВЕН РЕВИЗОР

    КОМИСИЈАТА ЗА ИЗБОРИ И ИМЕНУВАЊА ГО ОДБИ БАРАЊЕТО ЗА АПАНАЖА НА ЈАНЕВА И ГО ПРЕДЛОЖИ МАКСИМ АЦЕВСКИ ЗА ДРЖАВЕН РЕВИЗОРПоранешната специјална обвинителка Катица Јанева денеска беше спроведена од куќен притвор на судењето за „Рекет“, каде што таа е обвинета заедно со Бојан Јовановски-Боки 13. (Фото: К. Попов)

    Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница едногласно одлучи да го одбие барањето за апанажа на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која денеска беше на судењето за „Рекет“ како обвинета. Пратениците и од власта и од опозицијата се согласија дека од морален аспект треба да се одбие барањето на Јанева.

    Комисијата денеска одлучи и да му предложи на Собранието Максим Ацевски да биде главен државен ревизор. Државниот завод за ревизија веќе две години е без директор

    За директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер Комисијата ја предложи Пламенка Бојчева и за директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци го предложи Имер Алиу.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира