ПОДНЕСОВМЕ 5.000 АМАНДМАНИ НА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК, КАЖА АРТАН ГРУБИ

    ПОДНЕСОВМЕ 5.000 АМАНДМАНИ НА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК, КАЖА АРТАН ГРУБИОд ДУИ сметаат дека измените на Изборниот законик треба да се прават консензуално, со согласност од сите партии. - Артан Груби (Фото: СДК.МК)

    Пратеникот на ДУИ Артан Груби кажа дека неговата пратеничка група поднела речиси 5.000 амандмани на предложените измени на Изборниот закон. Според предложените измени, поднесени од група пратеници од помалите партии и независни пратеници, а поддржани од владејачката СДСМ, се менува изборниот модел од шест изборни единици во една изборна единица.

    „Процес на еднонасочно, еднострано менување на правилата на игра пред да започнат изборните процеси е опасен преседан со кој би се соочило ова собрание и политичката сцена во нашата држава“, изјави Груби денеска во Собранието, додавајќи дека таквите измени треба да се носат консензуално., во согласност со сите политички партии.

    Тој кажа и дека министерката за правда Рената Дескоска за утре свикала состанок на сите парламентарни, но и вонпарламентарни партии и на претставници на цивилното општество и на други институции, на кој ќе се разговара за изнаоѓање најдобар можен изборен модел и Изборен законик.

    Претходно, на Комисијата за политички систем, пратеникот на СДСМ Александар Кирацовски кажа дека за измени на Изборниот законик досега се поднесени 6.000 амандмани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира