МИНИСТЕРКАТА ЗА ФИНАНСИИ АНГЕЛОВСКА ЗА БУЏЕТОТ СИ ЗБОРУВА САМАТА СЕБЕСИ, ПРАТЕНИЦИТЕ ОД СДСМ И ОД ВМРО-ДПМНЕ СИ ПРАВАТ ГЛАСЕН МУАБЕТ ИЛИ СЕ НА МОБИЛКА

    МИНИСТЕРКАТА ЗА ФИНАНСИИ АНГЕЛОВСКА ЗА БУЏЕТОТ СИ ЗБОРУВА САМАТА СЕБЕСИ, ПРАТЕНИЦИТЕ ОД СДСМ И ОД ВМРО-ДПМНЕ СИ ПРАВАТ ГЛАСЕН МУАБЕТ ИЛИ СЕ НА МОБИЛКАПратениците, кои како ретко досега беа дојдени во полн состав, галамеа како никогаш, никој не го слушаше експозето на министерката Нина Ангеловска, ни пратениците од опозицијата, ни од власта, гласно муабетеа или скролаа на мобилните телефони. (Фото: СДК.МК)

    Министерката за финансии Нина Ангеловска на денешната прва пленарна седница во Собранието за Дополнетиот предлог-буџет за 2020 можеше да каже дека Буџет оваа година нема да се носи, или дека државата ќе се задолжи 3 милијарди евра следната година, но тоа немаше никој да го забележи во собраниската сала.

    Пратениците, кои како ретко досега беа дојдени во полн состав, галамеа како никогаш. Никој не го слушаше експозето на Ангеловска, ни пратениците од опозицијата, ни од власта. Тие гласно муабетеа, без трошка парламентарна култура, или скролаа на мобилните телефони.

    Расходите на Буџетот за 2020 година бележат рекорд од 3, 9 милијарди евра. Приходите се проектирани на 3, 6 милијарди, а буџетскиот дефицит ќе изнесува 2,3 проценти. Растот на БДП-то за 2020 година, рече Ангеловска, ќе биде 3,8 отсто. Ќе има и задолжување од милијарда евра, од која 700 милиони евра се за исплата на стари долгови.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира