ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЌЕ ВЛОЖИ 170.000 ЕВРА ВО ОБНОВАТА НА КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО ШТИП

    ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЌЕ ВЛОЖИ 170.000 ЕВРА ВО ОБНОВАТА НА КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО ШТИППроектот е дел од соработката помеѓу Штип и бугарскиот град Гоце Делчев (Фото: СДК.МК)

    Градоначалниците на Штип и Гоце Делчев од соседна Бугарија потпишаа договор за подобрување на условите во клиничките болници во двата града.

    Европската Унија овој заеднички проект ќе го помогне со 320.000 евра, од кои на Штип ќе му припаднат 170.000.

    Директорот на Клиничката болница во Штип, Ален Георгиев, најави дека тие реализацијата ќе ја почнат напролет, затоа што се работи за итна реконструкција на инфективното одделение, со цел да се подобри енергетската ефикасност на објектот и да се намалат штетните емисии. Ќе се обноват сите прозорци и врати, целата електрична инсталација и комплетната фасада.

    Реализацијата на проектот ќе ја координира Центарот за развој на Источно-планскиот регион.

    Ова не е прв заеднички проект на двата града. Со последниот, Штип го изгради новиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“, чија вредност изнесуваше околу 300.000 евра.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира