СКОПСКИ „ВОДОВОД“ КУПИ 5 ВОЗИЛА ЗА САНИРАЊЕ ДЕФЕКТИ, ОД ВЛАЖНИ МАРАМЧИЊА И ПЕЛЕНИ НАЈЧЕСТО СЕ ЗАТНУВА КАНАЛИЗАЦИЈАТА

    СКОПСКИ „ВОДОВОД“ КУПИ 5 ВОЗИЛА ЗА САНИРАЊЕ ДЕФЕКТИ, ОД ВЛАЖНИ МАРАМЧИЊА И ПЕЛЕНИ НАЈЧЕСТО СЕ ЗАТНУВА КАНАЛИЗАЦИЈАТАЦистерните под притисок се употребуваат во процесот на одзатнување на канализациските цевки од различни профили користејќи вода под притисок. (Фото: Водовод и канализација)

    ЈП „Водовод и канализација“ купи пет нови возила за откривање и отстранување на дефекти. Набавени се две нови цистерни под притисок, две цистерни под вакуум, како и специјализирано мерно комбе возило за испитување на дефекти на водоводната мрежа.

    Цистерните под притисок се употребуваат во процесот на одзатнување на канализациските цевки од различни профили користејќи вода под притисок, додека пак цистерните под вакуум се употребуваат за црпење на вода при поправки на водоводни дефекти, за црпење на отпадна вода како и за чистење на сливници.

    „Ова е прва набавка на ваков тип на возила од 2011 година и во овој момент претпријатието располага со 10 цистерни под притисок и 10 цистерни под вакуум. Просечната старост на механизацијата со која располагаме е околу 25 години. Дневно имаме по десетина интервенции за одзатнување на канализацијата од отпад кој го фрлаат граѓаните“, рече директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Душко Весковски.

    Од претпријатието велат дека граѓаните во канализацијата фрлаат сè и сешто, од ќебиња, пластика, облека, а најчести дефекти поради затнување на канализацијата се од влажни марамчиња и пелени.

    Набавката на новите пет возила чини околу 30 милиони денари.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира