ВЛАДАТА И МИНИСТЕРСТВАТА НЕМА ДА КОРИСТАТ ПЛАСТИЧНА АМБАЛАЖА

    ВЛАДАТА И МИНИСТЕРСТВАТА НЕМА ДА КОРИСТАТ ПЛАСТИЧНА АМБАЛАЖАПокрај пластични шишиња, нема да се набавуваат и пластични лажички, пластични сламки, пластични чаши и прибор за еднократна употреба; - Идејата за отстранување на пластиката од државните институции е на министерот за животна средина Насер Нуредини, каде веќе се користи стаклена амбалажа. (Фото: Влада на РСМ)

    Владата и министерствата нема да користат пластична амбалажа, откако на вчерашната владина седница беше усвоена информација за престанок на користење на пластична амбалажа во органите на државната управа. Службата за општи и заеднички се задолжува при набавките за потребите на Претседателот, Владата, министерствата да не набавува вода и други пијалоци во пластична амбалажа, како и пакувања на шеќер, пластични лажички, пластични сламки, пластични чаши и прибор за еднократна употреба.

    „Службата за општи работи и услуги и сите министерства кои непосредно набавуваат за свои потреби некои од наведените производи, при објавување на повик за јавни набавки да постават услов дека нема да ја склучи јавната набавка доколку производителот не докаже дека, најмалку за тековната година, ги спровел во целост обврските за проширена одговорност согласно со прописите за посебните текови на отпад“, велат од Владата.

    Идејата за отстранување на пластиката од државните институции е на министерот за животна средина Насер Нуредини, каде веќе се користи стаклена амбалажа. Нуредини смета дека не само што власта ќе придонесе за намалување на загадувањето со пластика, туку и ќе даде пример за приватните компании и граѓаните, а ќе ги поттикне производителите на храна, вода и други пијачки постепено да го префрлаат пакувањето од пластика кон стакло.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира