НЕ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ РАСПРАВАТА ЗА ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА ВО СОБРАНИЕТО, УШТЕ НЕ СЕ ПРЕВЕДЕНИ НАД 3.000 АМАНДМАНИ НА ДУИ

    НЕ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ РАСПРАВАТА ЗА ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА ВО СОБРАНИЕТО, УШТЕ НЕ СЕ ПРЕВЕДЕНИ НАД 3.000 АМАНДМАНИ НА ДУИПретседателот на Комисијата за политички систем Александар Кирацоски повика на 25 декември на јавна расправа за предлогот за една изборна единица и рече дека се надева оти тоа ќе го премисли коалициониот партнер ДУИ да ги повлече илјадниците амандмани. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Од вкупно поднесени 5.890 амандмани за предложените измени на Изборниот законик со кои се предвидува една место шест изборни единици, 3.734 сè уште не се преведени од албански поради што денеска не почна амандманската расправа на Комисијата за политички систем во Собранието.

    Претседателот на комисијата Александар Кирацоски од СДСМ кажа дека ако до следната недела не се преведат амандманите ќе смета дека намерно се блокира почетокот на расправата и ќе бара одговорност од собраниските служби за тоа. Кирацоски повика на 25 декември на јавна расправа за предлогот за една изборна единица и рече дека се надева оти тоа ќе го премисли коалициониот партнер ДУИ да ги повлече илјадниците амандмани за да може законските измени да се изгласаат пред изборите во април.

    Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски рече дека за жал одговор на оваа маневарска игра на Кирацоски е расправа за предлог-законот по амандмани бидејќи деловнички друга расправа не е возможна при нефер потег на 10-тина дена пред Пржинска влада да се поднесува предлог-закон за измени на Изборен законик место да се седнеше и да се дојдеше до консензус со опозицијата и другите партии.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира