Најмалку едно лице е убиено во пукањето во седиштето на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во центарот на Москва.
Вооружен напаѓач отворил оган со автоматско оружје во предворјето на зградата, при што убил полицаец, што се случи само неколку часа откако Владимир Путин ја одржа својата традиционална предновогодишна прес-конференција. Безбедносните сили ја окружија областа и ги евакуираа случајните минувачи.
Деталите засега не се потврдени, но според московски медиуми, тројца полицајци загинале во нападот во кој учествувале три вооружени лица. Двајца од нив наводно се убиени на самото место, додека третиот избегал и се забарикадирал во околна зграда.
Сведоци изјавија дека на местото на настанот пристигнале пет амбулантни возила.