КАЛТА ДА СЕ ЧИСТИ СО ТОПЛА ВОДА И ДЕТЕРГЕНТ – ПРЕПОРАКИ ОД ЗДРАВСТВЕНИТЕ ВЛАСТИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КАЛТА ДА СЕ ЧИСТИ СО ТОПЛА ВОДА И ДЕТЕРГЕНТ – ПРЕПОРАКИ ОД ЗДРАВСТВЕНИТЕ ВЛАСТИ

    Мувлата и калта во поплавените подрачја темелно да се чистат со топла вода и детергент, а ако мувлата зафатила поголема површина од живеалиштата, да се побара помош од стручно лице, препорачаа Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно Здравје – Скопје, за да се спречи појава на заразни болести во поплавените населби.

    Комисијата за заразни болести тврди дека во поплавените подрачја нема зарази.

    Дел од препораките се следниве:

    • При чистење на куќите да се користат водоотпорни ракавици, гумени чизми, заштитни очила и маски за лице, а откако ќе се исчистат ѕидовите да се бојосаат со вар.
    • Облека која била во контакт со вода од поплавата да се испере одделно од другата чиста облека и да се пере со детергент и со топла вода со температура од 70 Целзиусови степени.
    • Да се фрлат предмети кои биле во допир со вода од поплавите, како што се играчки, кујнски прибор, предмети од домаќинството, мебел, теписи и оштетен под. Ако подот не е многу оштетен да се исчисти со детергент и топла вода на температура од 70 степени.
    • Ѓубрето да се фрла во пластични ќеси за ѓубре и исклучиво во контејнери, а изметот од децата и луѓето брзо и внимателно да се отсрани.
    • Во случаи кога канализацијата не е во функција, за физиолошките потреби да се користат канти, хемиски или полски тоалети.
    • Луѓето не треба сами да ги отстрануваат умрените животни, туку да повикаат ветеринарна служба.
    • За да се заштитат од комарци треба да користат спреј против инсекти, да носат светла облека, кошули со долги ракави и пантолони со долги ногавици. На прозорците во домовите да стават заштитни мрежи.
    • Застоената вода од разни садови треба да се отстрани, а луѓето треба да пијат само безбедна вода.
    • По секое чистење рацете да се мијат со сапун, како и при подготовка на храна, пред секое јадење по допир со детски измет и по одење во тоалет.
    • Да не се користи храна која била во допир со вода од поплавите, како и храна која не била во фрижидер. Секоја варена храна и намирници кои може да се расипат задолжително да се чуваат во фрижидер на температура под 5 Целзиусови степени, а кога ќе се јаде термички да се обработи на температура повисока од 70 степени.
    • Во случај да се појават пролив, повраќање или промени на кожата веднаш да се побара лекарска помош.
    • Ранливите групи, односно децата до 14 годишна возраст со нивните мајки, инвалиди, лица со пречки во развојот, психички болни лица, лица на дијализа, хемофиличари, бремени жени, неподвижни лица, лица со преживеан мозочен или срцев удар, хронично болни лица и лица над 70 годишна возраст времено да се евакуираат од поплавените подрачја, односно ако можат времено да се преселат кај нивни роднини или пријатели.
    • Ако немаат таква можност и услови се препорачува лицата да се пријават на контролните пунктови во Сингелиќ и Стајковци за да се сместат во соодветни објекти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира