Египетскиот џудист Ислам Ел Шехаби беше гласно исвиркан од публиката на Олимписките игри во Рио по неговиот дуел со Израелецот Ор Сасон, бидејќи одби да се ракува со противникот, што е тежок прекршок на традицијата во спортот.
Сасон го совлада Ел Шехаби со две фрлања на подот за автоматска победа на околу минута и пол до крајот на борбата. Потоа, кога Сасон ја пружи рака за да се поздрават, но Ел Шахаби се повлече, нишајќи ја главата. Судијата го повика Египќанецот за задолжителното поклонување на крајот од мечот, по што тој само малку се наведна.
DISGRACEFUL!
Egyptian refuses to shake hand of Israeli Judoka Or Sasson after being defeated by him at #Rio2016 pic.twitter.com/uCbG39V9oW— SussexFriendsIsrael (@SussexFriends) August 12, 2016
Меѓународната џудо федерација соопшти дека самиот факт што воопшто имало борба помеѓу спортисти од двете земји е знак на голем напредок.
„Ова е веќе голем напредок што арапски земји се согласуваат да се натпреваруваат со Израел“, изјави портпаролот Николас Меснер.