МЕТЕОРСКИОТ ДОЖД БЛЕСНА НА НЕБОТО НАД СКОПЈЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МЕТЕОРСКИОТ ДОЖД БЛЕСНА НА НЕБОТО НАД СКОПЈЕ

    Годинашниот метеорски дожд Персеиди, кој се гледа од северната хемисфера каде се наоѓа и Скопје, почна на 17 јули и врвот го достигна ноќеска. „НАСА“ вели дека годинава бројот на метеори е двојно поголем со околу 200 остатоци од кометата „Свифт-Татл“ на час, кои горат во горниот дел од атмосферата на Земјата со брзина од 210.000 км/ч.

    Метеорскиот дожд ќе продолжи и во наредните денови, но со помал интензитет (Фото: Ѓ. Личовски)

    Метеорскиот дожд ќе продолжи и во наредните денови, но со помал интензитет (Фото: Ѓ. Личовски)

    Метеорите од метеорскиот дожд се движат по паралелна патека и со иста брзина, па изгледаат како да потекнуваат од една точка на небото. Таа точка во овој случај е соѕвездието Персеј и затоа се наречени Персеиди.
    Дали и колку од метеорскиот дожд може да се види зависи од локацијата. Најдобро време за набљудување е околу полноќ, кога нема месечева светлива и вештачка светлина од градовите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира