ОБВИНЕТИОТ ЕКСГРАДОНАЧАЛНИК ТОНИ ТРАЈКОВСКИ ПРИЈАВИЛ ДЕКА СИНОЌА БИЛ ПРЕТЕПАН, НОВА ПРЕЧКА ЗА ЗАВРШУВАЊЕ НА „ТНТ“

    ОБВИНЕТИОТ ЕКСГРАДОНАЧАЛНИК ТОНИ ТРАЈКОВСКИ ПРИЈАВИЛ ДЕКА СИНОЌА БИЛ ПРЕТЕПАН, НОВА ПРЕЧКА ЗА ЗАВРШУВАЊЕ НА „ТНТ“Полицијата го испитува случајот, кој е пријавен, и проверува дали обвинетиот Трајковски е повреден. - Поранешниот градоначалник Тони Трајковски на претходно рочиште за „ТНТ“ (Фото: СДК.МК)

    Утринава се испречи нова пречка за завршување на судскиот процес „ТНТ“ за одмаздничкото уривање на „Космос“ на Фијат Цаноски, третообвинетиот Тони Трајковски, ексградоначалник на Гази Баба, наводно ноќеска бил претепан од непознати лица.

    Тој денеска не дојде, него сѐ уште го нема на рочиштето, а според неговиот адвокат, тој се наоѓал во болница. Настанот наводно се случил синоќа по прошетката со поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски во Гази Баба. Полицијата го испитува случајот, кој е пријавен, и проверува дали обвинетиот е повреден.

    Судењето само што почна, судијата Огнен Ставрев рече деке со колегата Осман Шабани стапиле во контакт со надлежниот лекар во Ургентниот центар, кој им кажал дека докторот им објаснил оти Трајковски е во добра општа состојба.

    „Во моментов Тони Трајковски е пуштен дома. Јавете му се да дојде. Еве еден час пауза. Ако не дојде за еден час, ќе го приведеме”, му рече Ставрев на адвокатот на обвинетиот ексградоначалник на Гази Баба.

    Досега имаше неколку блокади на ова судење кое е пред изрекување пресуда. Судијата Огнен Ставрев се брза да го заврши процесот деновиве, бидејќи на две поротнички им истекува мандатот и судењето ќе треба да почне одново.

    Во „ТНТ“, првообвинет е избеганиот во Унгарија Никола Груевски, кој нареди да му биде уништен со експлозив објектот „Космос“ на Цаноски, затоа што во 2011 година ја прекина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Потоа, Миле Јанакиески како координатор на целата акција на незаконското уривање, ексградоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски како логистика и други обвинети од општината.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира