ДОГОВОРОТ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО ЌЕ БИДЕ ПРЕДВРЕМЕ РАТИФИКУВАН ВО МАКЕДОНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ, А ЌЕ БИДЕ ИСПРАТЕН ВО ВАШИНГТОН ОТКАКО И ШПАНИЈА ЌЕ ГО РАТИФИКУВА

    ДОГОВОРОТ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО ЌЕ БИДЕ ПРЕДВРЕМЕ РАТИФИКУВАН ВО МАКЕДОНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ, А ЌЕ БИДЕ ИСПРАТЕН ВО ВАШИНГТОН ОТКАКО И ШПАНИЈА ЌЕ ГО РАТИФИКУВАПремиерот Зоран Заев и Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за време на состанокот на Северноатлантскиот совет во Скопје на 3 јуни 2019. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Владата на денешната седница одлучи да го испрати во Собранието Предлог-законот за ратификација на Северноатлантскиот договор потпишан во Вашингтон на 4 април во 1949 година, со што нашето членство во НАТО ќе биде предвреме ратификувано.

    „Предлог-законот за ратификација на Северноатлантскиот договор на нашата земја со НАТО, ќе биде пуштен на усвојување во Собранието на РСМ, се предвидува да стапи во сила со денот на објавувањето во ‘Службен весник на Република Северна Македонија’, по што ќе биде депониран во Вашингтон, откако Шпанија ќе го ратификува Протоколот за пристапување на нашата земја во полноправно членство во алијансата“, соопштија од Владата.

    Шпанија е единствената од 29-те членки на НАТО што сѐ уште го нема ратификувано договорот, поради вонредните парламентарни избори во ноември. Претходно имаше избори во април, но по неуспехот да се формира влада, по само седум месеци се одржаа нови избори. Преговорите за формирање влада се во тек.

    Амбасадорите на земјите членки на НАТО на 6 февруари во Брисел го потпишаа Протоколот за пристапување на Северна Македонија во Алијансата. По ратификацијата на Протоколот во парламентите на сите 29 земји сојузници, земјата и официјално станува 30. членка на НАТО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира