Во САД оваа година имало 41 масовно убиство, што е рекордна бројка откако почнале да се следат овие податоци. Во овие инциденти биле убиени 211 луѓе и 33 од нив биле изведени со огнено оружје.
Под масовно убиство се подразбира секој инцидент во кој загинале четири или повеќе луѓе, не сметајќи го сторителот.
Меѓу најсмртоносните напади се оние во Вирџинија Бич во мај и Ел Пасо во август, во кои загинале 12, односно 22 луѓе. Највисока стапка на масовни убиства има Калифорнија, каде што оваа година ги имало осум.
Официјални податоци за масовни убиства во САД почнаа да се следат во 2006 година, но истражувањето што се протегна до 1970-ите исто така не откри полоша година од 2019. Токму 2006 беше досегашниот рекордер со 38 масовни убиства.