ИМ УДРИВМЕ ШЛАКАНИЦА НА САД, КАЖА ИРАНСКИОТ ВРХОВЕН ЛИДЕР ПО РАКЕТНИОТ НАПАД ВРЗ БАЗИТЕ ВО ИРАК

    ИМ УДРИВМЕ ШЛАКАНИЦА НА САД, КАЖА ИРАНСКИОТ ВРХОВЕН ЛИДЕР ПО РАКЕТНИОТ НАПАД ВРЗ БАЗИТЕ ВО ИРАКИран испукал 22 проектили кон Ирак, но обемот на штетите не е познат (Фото: Твитер)

    Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хаменеи кажа дека ракетниот напад врз американските воени бази во Ирак, изведен ноќеска, бил шлаканица за САД и повика на крај на американското присуство во регионот.

    Ирачките власти, кои биле предупредени за нападот, велат дека врз базите во Ирбил и Ал Асад, западно од Багдад, биле испукани 22 проектили, но Доналд Трамп на Твитер напиша дека „сѐ е во ред“, додавајќи дека евентуални жртви и штети се проценуваат. Пентагон и Белата куќа засега се немаат официјално огласено.

    Хаменеи беше јасен дека нападот е одмазда за убиството на генералот Касем Солејмани.

    „Изминатата ноќ САД добија шлаканица. Овие воени акции, сепак, не се доволни за одмазда. Она што е важно е дека се гледа крајот на коруптивното присуство на Америка во регионот“, кажа Али Хаменеи.

    Ова се најдиректните ирански напади врз САД од заземањето на американската амбасада во Техеран во 1979 година. Иран ги предупреди и сојузниците на САД дека и нивните бази би можеле да бидат цел.

    „Нападот беше самоодбрана. Ние не бараме војна“, изјави иранскиот министер за надворешни работи Џавад Хафиз.

    Во нападот немало повредени Ирачани, објавија властите во Багдад.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира