ЕДИНСТВЕНАТА ИРАНКА СО ОЛИМПИСКИ МЕДАЛ ОБЈАВИ ДЕКА ПРЕБЕГНАЛА

    ЕДИНСТВЕНАТА ИРАНКА СО ОЛИМПИСКИ МЕДАЛ ОБЈАВИ ДЕКА ПРЕБЕГНАЛААлизадех, која освои бронза на Олимписките игри 2016, не откри каде се наоѓа (Фото: ЕПА)

    Единствената Иранка која освоила олимписки медал, теквондоистката Кимија Ализадех, објави дека пребегнала.

    Дваесет и едногодишната Ализадех напиша на социјалните мрежи дека го напуштила Иран затоа што веќе не сака да биде дел од лицемерието, лагите и неправдата. Таа се опиша себеси како една од милиони угнетени жени во Иран.

    Ализадех не откри каде се наоѓа, но има информации дека тренирала во Холандија. Таа испиша историја на Олимписките игри во 2016 година, кога освои бронзен медал, прв за една иранска спортистка. Сепак, таа подоцна призна дека иранскиот режим го користел нејзиниот успех како пропагандна алатка.

    „Јас сум една од милиони угнетени Иранки со кои државата се игра со години. Носев тие што ми кажуваа и повторував секоја реченица што ми беше наредена. Никоја од нас ништо не им значи, ние сме само алатки“, напиша Ализадех.

    Таа негираше дека добила понуди од Европа и не потврди каде се наоѓа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира