По речиси тригодишна блокада, Википедија може повторно да се користи во Турција. Властите го дозволија пристапот до онлајн енциклопедијата по одлуката на Уставниот суд. Одлуката со која се забранува кршењето на правото на слобода на изразување беше донесена во декември, а вчера излезе во Службениот весник на Турција.
Забраната за пристап до Википедија беше донесена во април 2017, поради написите дека Турција е поврзана со терористичките борци и групи во Сирија.
Фондацијата Викимедија, непрофитната организација која стои зад Википедија, соопшти дека „се воодушевени што народот во Турција повторно ќе има шанса да учествува во најголемиот глобален онлајн разговор“.
Фондацијата, која ја поднесе жалбата во Уставниот суд во мај 2017, рече дека имаат и случај кој сè уште се води во Европскиот суд за човекови права.
Турција претходно го ограничи користењето на Јутјуб и Твитер. Според професорот по право и активист за права на Интернет, Јаман Акдениз, моментално над 288 илјади интернет-страници се блокирани во Турција.