ИЛИЈА ДИМОВСКИ ГЛАСАЛ ЗА ПРОЕКТОТ НА СТАВРЕСКИ ЗА ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА ЗА КОЈА СЕГА ЈА ОБВИНУВА ВЛАСТА ДЕКА ТРОШИ МИЛИОНИ ЗА КОЦКАРСКИ АПАРАТИ

    ИЛИЈА ДИМОВСКИ ГЛАСАЛ ЗА ПРОЕКТОТ НА СТАВРЕСКИ ЗА ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА ЗА КОЈА СЕГА ЈА ОБВИНУВА ВЛАСТА ДЕКА ТРОШИ МИЛИОНИ ЗА КОЦКАРСКИ АПАРАТИДржавната видеолотарија беше основана во јули 2014 година, а партнер на државата е Касинос Аустриа Интернационал Македонија, која поседува 49% од акциите. - Илија Димовски; Зоран Ставрески (СДК.МК/архивска фотографија)

    Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, кој деновиве ја обвинува власта дека Државната видеолотарија троши милионски суми за набавка на коцкарски апарати, во декември 2012 година гласал за измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, со кои се овозможува формирање на Државна видеолотарија. Државната видеолотарија беше проект на поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески, кој беше и предлагач на законските измени, кои беа усвоени во Собранието на 28 декември 2012 година по скратена постапка. Според извештајот од гласањето на седницата, „за“ гласале 63-ца пратеници, меѓу нив и Димовски, тогаш како пратеник од власта.

    Тогаш, Ставрески образложуваше дека законските измени се прават од причина што приредувањето на електронските игри на среќа бара поголемо вложување на средства, односно користење на направена технологија, хардвер, софтер и слично и со тоа ангажирање на поголеми финансиски средства и затоа оставаат можност акционерското друштво каде што државата е акционер со најмалку 51% или содружник да може во партнерство со друго друштво да ги приредува електронските игри на среќа.
    Државната видеолотарија беше основана во јули 2014 година, а партнер на државата е Касинос Аустриа Интернационал Македонија, која поседува 49% од акциите.

    Како што тогаш кажа Александар Ѓорѓиев, портпаролот на владата на Никола Груевски, државата нема да има финансиски издатоци во овој деловен потфат, односно ќе го пренесе само правото на организирање на игри на среќа кое има своја проценета вредност и додаде дека државата ќе остварува приход од даноци, а тоа покрај редовното полнење на буџетот за други намени, значи и повеќе финансиски средства за специјалните ставки кои Лотарија ги дава по определен основ за екологија, за спорт, за здравство и ранливи групи.

    Илија Димовски утринава твитна дека Државната видеолотарија во последните 20 месеци направила два тендера за набавка на коцкарски апарати, со вкупен износ од 13.970.700 евра.

    Резултати од гласањето за измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри во декември 2012:

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира