Советот на Европа ја прифати номинацијата на министерката за правда Рената Дескоска за член на Венециската комисија како македонски претставник, со што таа и официјално од вчера е на ова место. На престижната функција досега Македонија ја претставуваше професорката од Правниот факултет и правен советник на ВМРО-ДПМНЕ, Тања Каракамишева.
Мандатот во Венециска комисија е 4 години.
Неизвесно е дали Дескоска ќе остане на министерската функција. Вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а и самата таа, ја повикаа Антикорупциската комисија да испитаат дали со нејзиното именување, има судир на интереси, односно дали до изборите таа може да биде и министерка за правда.
С. К. ДЕЛЕВСКА