Коби Брајант, еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, загина во хеликоптерска несреќа близу Лос Анџелес, потврди „Лос Анџелес Тајмс“. Во несреќата, покрај 41-годишниот Брајант, загинаа уште четворица. Со сопругата Ванеса има четири ќерки, a меѓу загинатите е и неговата 13-годишна ќерка Џана Марија Оноре.
Брајант, кој се пензионираше во 2016, ја помина целата 20-годишна кариера во Лос Анџелес Лејкерс и освои пет шампионски титули во НБА. Со американската репрезентација освои златен медал на Олимпијадите во Пекинг (2008) и во Лондон (2012).
Во 2018, Брајант доби Оскар за кус анимиран филм за „Драга кошарка“.