СМЕТКИТЕ ЗА ВОДА ВО СКОПЈЕ ЌЕ БИДАТ ОД БИОРАЗГРАДЛИВА ХАРТИЈА

    СМЕТКИТЕ ЗА ВОДА ВО СКОПЈЕ ЌЕ БИДАТ ОД БИОРАЗГРАДЛИВА ХАРТИЈАТрошоците за печатење на сметките остануваат исти. - Од денешната прес-конференција на ЈП „Водовод и канализација“ (Фото: СДК.МК)

    Сметките за вода во Скопје од денеска ќе се печатат на еколошка и биоразградлива харија. ЈП „Водовод и канализација“ денеска ги презентираше новите сметки и е првото претпријатие во државата кое користи рециклирана хартија.

    „За неколку дена нашите корисници ќе ги добијат првите сметки од ваков тип кои покрај тоа што се еколошки, се и редизајнирани со цел да бидат попрегледни во делот на услугите за кои плаќаат граѓаните. Станува збор за околу 210.000 сметки кои месечно ги испорачуваме до нашите корисници, односно 2.500.000 сметки кои се потенцијален отпад на годишно ниво“, рече директорот на ЈП“ Водовод и канализација“ Душко Весковски.

    Трошоците за печатење на нивите сметки остануваат исти.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира