ДЕСКОСКА ПОНУДИ КОМПРОМИС, ИСТРАГИТЕ ОД СЈО ДА СЕ ИЗВАДАТ ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБВИНИТЕЛСТВО, ТИЕ СЕ ГАРАНТИРАНИ СО ДРУГ ЗАКОН

    ДЕСКОСКА ПОНУДИ КОМПРОМИС, ИСТРАГИТЕ ОД СЈО ДА СЕ ИЗВАДАТ ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБВИНИТЕЛСТВО, ТИЕ СЕ ГАРАНТИРАНИ СО ДРУГ ЗАКОНМинистерката за правда Рената Дескоска на денешната јавна расправа за Законот за Јавно обвинителство. (Фото: К. Попов)

    Министерката за правда Рената Дескоска денеска фрли ракавица кон ВМРО-ДПМНЕ и понуди компромис да го извади членот од последната верзија на Законот за Jавно обвинителство кој вели постапките на СЈО продолжуваат. Тоа е нешто кое цело време го бара ВМРО-ДПМНЕ и затоа не сака да го гласа законот и да придонесе за двотретинско мнозинство.

    Дескоска вели дека може да се тргне тој член, зашто овие предмети би се регулирале со Законот за кривична постапка, кој исто така е системски и е донесен со двотретинско мнозинство.

    Во однос на членовите 108 и 109 кои важат за најтешките прашања во Законот за Јавното обвинителство и каде што се лоцирани клучните барања на опозицијата, министерката таа рече дека ја охрабрува ставот истакнат од повеќе експерти, дека дури и да не биде изрично наведено дека постапките продолжуваат, тие ќе продолжат согласно Законот за кривичната постапка.

    „Тоа значи дека согласно она што беше истакнато вчера во текот на јавната дебата, дава простор за градење на консензус, бидејќи една од забелешките којашто ја истакнува опозицијата е дека не сакаат да се дозволи постапките да продолжат. Ако нема изречна одредба дека продолжуваат, тогаш тие ќе продолжат согласно ЗКП. Но, нема простор за ставање на одредба дека одредени постапки ќе запрат“, рече Дескоска.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира