НЕКА СЕ ДОГОВОРАТ ПАРТИИТЕ И ЗА ЕДЕН ЧАС ЌЕ ИМААТ СЕДНИЦА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО, ВЕЛИ ЏАФЕРИ

    НЕКА СЕ ДОГОВОРАТ ПАРТИИТЕ И ЗА ЕДЕН ЧАС ЌЕ ИМААТ СЕДНИЦА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО, ВЕЛИ ЏАФЕРИСиноќа заврши јавната расправа на Законот за Јавно обвинителство. - Џафери на брифинг со новинарите (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека Законот за Јавно обвинителство ќе го стави на собраниска седница ако партиите постигнат договор. Џафери смета дека нема потреба тој да се стави на дневен ред, ако за него да нема договор, па седницата да се развлекува со месеци.

    „Нека се договорат и за еден саат имаат седница. Ако сите се согласни седницата може да заврши и Законот да биде изгласан за два часа. Која е целта да свикам седница, а да нема усогласеност. Така може постапката да трае цела година“, рече Џафери.

    Синоќа заврши јавната расправа на Законот за Јавно обвинителство. Министерката за правда Рената Дескоска најави дека утре во 11 часот ќе се одржи средба на работната група со сите пратенички групи со цел да усогласи текстот кој ќе влезе во собраниска процедура.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира