ВЛАДИКАТА ПЕТАР БИЛ ПОВИКАН ВО ПОЛИЦИЈА ВО МЕЛБУРН, АВСТРАЛИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    ВЛАДИКАТА ПЕТАР БИЛ ПОВИКАН ВО ПОЛИЦИЈА ВО МЕЛБУРН, АВСТРАЛИЈА

    Надлежниот митрополит на Австралиско-новозеландската епархија, Владиката Петар утрово бил приведен и повикан на разговор во полицијата во Мелбурн на информативен разговор, објави агенцијата Мета, повикувајќи се на специјализираниот сајт Религија.мк.

    Двајца детективи од одделот за криминологија на полицијата во Викторија го посетиле домот каде престојува владиката, а по краток разговор го повикале во полициска станица.

    Од МПЦ за Мета не дале никаков коментар, ниту пак изразиле официјален став. За веста слушнале од медиумите, но додека не добијат официјална потврда не сакаат да даваат какви било коментари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира