ДОЈРАН НА РЕФЕРЕНДУМ ОДБИ ЈАВНО-ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО ЗА ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА

    ДОЈРАН НА РЕФЕРЕНДУМ ОДБИ ЈАВНО-ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО ЗА ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈАОва значи дека Општина Дојран ќе ја прекине постапката за формирање ново комунално претпријатие по пат на јавно-приватно партнерство, кое требаше да стопанисува со услугите водовод и канализација во наредните 30 години; - Од денешното гласање на референдумот. (Фото: СДК.МК)

    Жителите на Општина Дојран на денешниот референдум не дадоа зелено светло за склучување договор за јавно-приватно партнерство за комуналните услуги водовод и канализација. На референдумското изјаснување денеска излегле околу 53 отсто од запишаните 2.622 граѓани со право на глас, но најголемиот дел биле против склучување каков било договор за јавно-приватно партнерство. Ова значи дека Општина Дојран ќе ја прекине постапката за формирање ново комунално претпријатие по пат на јавно-приватно партнерство, кое требаше да стопанисува со услугите водовод и канализација во наредните 30 години.

    „Нашата цел беше да го слушнеме гласот на граѓаните и затоа се одлучивме да има референдум. Според првичните информации, иако немам точни податоци и бројки, најголемиот дел од излезените граѓани се против да ја продолжиме постапката, што значи за услугите водовод и канализација нема да има јавно-приватно партнерство. Сега подобрувањето на водоводната и канализациона мрежа во општината ќе гледаме да ја сториме од наши средства, но и со обезбедување пари од меѓународни донатори, рече градоначалникот Анго Ангов.

    Според драфт договорот на Општината за јавно-приватно партнерство, ако дојранчани позитивно се изјаснеа, потенцијалниот приватен инвеститор ќе мораше во првите 3 години да инвестира околу 8,1 милион евра во водоводната и канализациона инфраструктура во општината, а со овие комунални услуги да стопанисува во наредните 30 години.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира