ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ГО ИЗРАБОТИЈА ДОМАШНИ И СТРАНСКИ ЕКСПЕРТИ, ВМРО-ДПМНЕ ДА НЕ БАРА АЛИБИ, МУ ОДГОВОРИ ДЕСКОСКА НА МИЦКОСКИ

    ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ГО ИЗРАБОТИЈА ДОМАШНИ И СТРАНСКИ ЕКСПЕРТИ, ВМРО-ДПМНЕ ДА НЕ БАРА АЛИБИ, МУ ОДГОВОРИ ДЕСКОСКА НА МИЦКОСКИМинистерката за правда Рената Дескоска го повика ВМРО-ДПМНЕ да поднесе амандмани на предложениот закон, кој сѐ уште е на маса. - Рената Дескоска; Христијан Мицкоски (Фото: СДК.МК)

    Министерката за правда Рената Дескоска вели дека е несериозно да се бара изготвување на нов текст на Закон за Јавно обвинителство, бидејќи работна група на домашни и странски експерти две години го подготвуваше актуелниот предлог-закон, а веќе една година има откога се започнати преговорите.

    Ваквата реакција на Министерството за правда доаѓа откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција предложи шестмина професори да напишат нов закон, бидејќи, според него, сегашниот предлог е партиски закон на СДСМ.

    Дескоска го повика ВМРО-ДПМНЕ да поднесе амандмани на предложениот закон, кој сѐ уште е на маса, и, како што вели таа, сè останато е алиби за недонесување на законот и избегнување на правдата.

    Лидерот на СДСМ Зоран Заев кажа дека Собранието нема да се распушти на 12 февруари, ако не дотогаш не биде усвоен Законот за Јавно обвинителство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира