ЗОКИ КАЖУВА ДЕКА ЌЕ ИМА ИСТРАГА, КАТАСТРОФА, СЕ ДОПИШУВАЛЕ БОКИ И РЕМЕНСКИ

    ЗОКИ КАЖУВА ДЕКА ЌЕ ИМА ИСТРАГА, КАТАСТРОФА, СЕ ДОПИШУВАЛЕ БОКИ И РЕМЕНСКИФросина Ременски е обвинета во случајот „Меѓународен сојуз“, именуван по невладината организација на Боки 13, и се товари дека му помагала на Боки како високопозиционирано лице во власта на средбите со бизнисмените да ги измами дека ќе гради старечки домови. (Фото: СДК.МК)

    На 24 декември 2018, на Ватсап комуницирале потпретседателката на Собранието Фросина Ременски, која е обвинета во случајот „Меѓународен сојуз“ и обвинетиот во „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13, што како доказ денеска беше презентирано на судењето од страна на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

    Дента, Ременски му пишува на Боки: „Моите информации велат дека утре Апелација ќе одлучи за притворот на Орце“.

    Јованоски ѝ пишува кусо: „Не“, на што таа му враќа: „Дај боже“.

    Потоа таа во друга порака му ги реди имињата на апелационите судии кои требало да одлучуваат за притворот на Камчев: „Сафет, Цветанка Периќ, Јани Нича“.

    Во нова порака таа му пишува на Боки: „Наводно утре ќе одлучуваат за Орце, провери го ова“.

    На 28.6.2019 Ременски му пишува на Боки: „Антонио постави прашање во Собрание. Слушај одговор“.

    Боки: „Што“.

    Ременски: „За Камчев, сега одговара З.З.. На трет канал МРТВ“.

    Боки: „Слушам. Што одговара?“.

    Ременски: „Бог да чува“.

    Боки: „Уште прашува?“.

    Ременски: „Кул!“.

    Во продолжение, Јовановски констатира дека Заев зборува нешто што ним двајца не им се допаѓа.

    Боки: „Па он кажува дека ќе има истрага“.

    Ременски не одговара, а во следната порака, Боки ѝ пишува: „Направи катастрофа“

    Ременски му враќа: „?“.

    Останува непознато дали таа направила катастрофа и ги измешала работите или Заев, според Боки, е тој што направил катастрофа.

    Овие пораки се од вештачењето во МВР на мобилниот на обвинетиот Бојан Јовановски.

    Фросина Ременски е обвинета во случајот „Меѓународен сојуз“, именуван по невладината организација на Боки 13, и се товари дека му помагала на Боки како високопозиционирано лице во власта на средбите со бизнисмените да ги измами дека ќе гради старечки домови и да им земе нов милион евра.

    Судењето за „Меѓународен сојуз“ допрва треба да почне, а ова за „Рекет“ продолжува утре со презентација на нови докази на обвинителството.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира