ДОКТОР ВО КОМИСИЈАТА НА МВР КОЈА ЌЕ ОДЛУЧУВА КОЈ ДА ДОБИЕ ПАСОШ

    ДОКТОР ВО КОМИСИЈАТА НА МВР КОЈА ЌЕ ОДЛУЧУВА КОЈ ДА ДОБИЕ ПАСОШМинистерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска пред Основното јавно обвинителство го обвини премиерот Оливер Спасовски дека заедно со дел од стручните служби во Владата направил кривични дела Фалсификување на службена исправа и Злоупотреба на положба и овластување. (Фото: Влада)

    Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кажа дека формирал комисија, во која ќе има вклучено е доктор, која ќе одлучува кои граѓаните ќе имаат приоритет за издавање пасоши. Тој ги повика граѓаните да поднесат ургентни барања за издавање пасош до подрачните единици на МВР, а комисијата ќе ги разгледа следниот ден и приоритет ќе имаат граѓаните со итни медицински потреби.

    Зборувајќи пред Основното јавно обвинителство, Чулев рече дека состојбата со недостиг на обрасци за пасоши ќе се нормализира за неколку недели, а пратката од 100.000 обрасци, која што треба да пристигне на 24 март, се надева дека ќе стигне порано за десетина дена.

    „Ние веќе имаме направено стратегија и план. Ќе се работи во продолжени смени, ќе се работи и во недела, така што мислам дека за краток период ќе биде надминат тој проблем со пасошите“, изјави Чулев, одговарајќи на новинарско прашање.

    Вчера, Чулев кажа дека до следната нарачка се останати 3.700 обрасци за пасоши, а има поднесено околу 16.500 барања по редовна постапка и 650 по итна постапка

    Тој го обвини премиерот Оливер Спасовски дека заедно со дел од стручните служби во Владата направил кривични дела Фалсификување на службена исправа и Злоупотреба на положба и овластување. Како што кажа Чулев, Владата поништила само пет решенија, а во Службени весник имало објавено одлука за дополнителни 124 решенија за распоредување и една наредба и го повика Основното јавно обвинителство да преземе итни дејствија за обезбедување на доказите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира