ИТАЛИЈАНЕЦОТ ПРИМЕН НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА НЕМА КОРОНАВИРУС, ПОТВРДИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

    ИТАЛИЈАНЕЦОТ ПРИМЕН НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА НЕМА КОРОНАВИРУС, ПОТВРДИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВОИталијанскиот државјанин пристигнал од Милано во Скопје со попладневниот лет на „Визер“ и откако се сместил, отишол да се пријави на Инфективна клиника оти имал стомачни тегоби. (Фото: СДК.МК)

    Италијанскиот државјанин, кој ноќеска беше примен на Инфективната клиника во Скопје, е тестиран и нема коронавирус, потврдија од Министерството за здравство. Тој пристигнал од Милано во Скопје со попладневниот лет на „Визер“ и откако се сместил, отишол да се пријави на Инфективна клиника оти имал стомачни тегоби.

    Како што претходно соопштија од Министерството за здравство, пациентот бил ставен во изолација и кај него се направени тестови согласно утврдениот протокол. Тој поминал низ термалната камера на Скопскиот аеродром, која кај него не дијагностицирала симптоматологија на болест. Првите симптоми ги почувствувал откако се сместил, по што се јавил на Инфективната клиника во Скопје и бил примен во 22:00 часот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира