КОЈ ОДГОВАРАШЕ ОВИЕ ТРИ ГОДИНИ, ПРАША МИЦКОСКИ НА ПРОТЕСТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ПРЕД ОБВИНИТЕЛСТВОТО И СУДОТ

    КОЈ ОДГОВАРАШЕ ОВИЕ ТРИ ГОДИНИ, ПРАША МИЦКОСКИ НА ПРОТЕСТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ПРЕД ОБВИНИТЕЛСТВОТО И СУДОТРаководството на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест од Јавното обвинителство до комплексот судови во Скопје. (Фото: К. Попов)

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски праша кој одговараше овие три години додека Зоран Заев е на власт, на денешниот протест од Јавното обвинителство до судскиот комплекс во Скопје.

    „Кој одговараше овие три години, по годините кампања што ја водеше Зоран Заев? Одговорот е ниту еден. Не докажа ниту еден криминал, а премногу криминали амнестираше“, кажа Мицкоски.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека не се сите исти и дека кога граѓаните ќе им дадат мандат, тој нема да се меша во судската власт.

    „Ќе ви докажам дека може подобро и поквалитетно да се работи од она што секојдневно ни го испорачуваат Радмила, Спасовски, Рашковски, Филипче, Мила, Кирацовски и останатата рекетарска дружина. Народот на локалните избори го казни ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-ДПМНЕ ја научи лекцијата. Сега е време СДСМ да биде казнет и да ја научи лекцијата“, рече Мицкоски.

    Тој побара итна ревизија на сите одлуки на Врховниот суд и таму каде што ќе бидат утврдени неправилности, врховните судии да си поднесат оставки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира