БЕТИ КАНЧЕСКА И АРИФХИКМЕТ ЗАЕДНО БИРАЛЕ ВОСОЧНИ ФИГУРИ ЗА МУЗЕЈОТ НА ВМРО ВО МАДАМ ТИСО

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:473:"АрифхикметЏемаили,којденескасепојавинараспитвоСЈОзаедносоЕлизабетаКанческа-Милевскаво2007годинабилево"МадамТисо"воЛондон,атааодтамупродолжилавомузеитевоСанктПетербургивоМосквазаконсултациизавосочнифигуризаМузејотнаВМРО";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БЕТИ КАНЧЕСКА И АРИФХИКМЕТ ЗАЕДНО БИРАЛЕ ВОСОЧНИ ФИГУРИ ЗА МУЗЕЈОТ НА ВМРО ВО МАДАМ ТИСО

    Ексминитерот за култура Арифхикмет Џемаили, кој денеска се појави на распит во СЈО, за време на неговиот мандат заедно со тогашната државна секретарка Елизабета Канческа – Милевска ги бирале восочните скулптури за Музејот на ВМРО, едно од првите активности за почнување на проектот „Скопје 2014“, кој беше најавен дека ќе чини 80 милиони, а досега чини 640 милиони евра.

    Џемаили беше министер за култура од ДПА од 2007 до 2008, кога беа удрени темелите на „Скопје 2014“, а за криминалите на власта во овој проект исто така има и истрага на СЈО.

    Арифхикмет Џемаили, кој денеска се појави на распит во СЈО не

    Арифхикмет Џемаили, кој денеска се појави на распит во СЈО и ги избегна камерите беше министер за култура од ДПА од 2007 до 2008, кога беа удрени темелите на „Скопје 2014“ (Фото: Ѓ.Личовски за СДК.МК)

    Во Специјалното јавно обвинителство одбиваат да кажат зошто денеска кај нив на распит бил повикан и претходникот на Елизабета Канческа – Милевска во Министерството за култура. И самиот Џемаили ги избегна новинарите и не даде изјава.

    Дневниот весник „Вест“ во ноември 2007 година објави дека тогашниот министер Џемаили и тогаш државната секретарка Канческа – Милевска тргнале по познатите музеи за восочни фигури, на преговори за стручњаци кои ќе ги прават восочните фигури за музејскиот комплекс – Музеј на македонската револуционерна борба и Музеј на жртвите на комунизмот, уште пред тој да се гради  во Скопје.

    Тие заедно биле во “Мадам Тисо” во Лондон, а Канческа-Милевска од таму продолжила во музеите во Санкт Петербург и во Москва. Оваа турнеја по трите најголеми музеи за восочни фигури во потрага по стручњаци беше оти никој не се јавил на двата меѓународни тендера, па морало да се прават непосредни договори, изјави тогаш Канческа-Милевска.

    Во тоа време Џемаили ја наградил Канческа-Милевска со хонорари од 40 илјади денари за секој проект. Ова го откри СДСМ во декември, 2010 кога ја објави аферата „патриотска метла“, за губењето на тендерска документација за многу проекти вклучувајќи и неколку од „Скопје 2014“. Канчевска ја негираше аферата, но пред тоа врати 160 илјади денари во готово, за што не се наведувал датумот и архивскиот број.

    На 18 мај годинава СЈО за САКАМДАКАЖАМ.МК потврди дека работи на 4 предмети во врска со криминал во „Скопје 2014“. На 26 јули, градоначалникот на Центар Андреј Жерновски ги предаде во СЈО двата ревизорски извештаи за „Скопје 2014“, од кои едниот е подготвен во август 2013 година. Овие материјали уште тогаш беа предадени во јавното обвинителство, кое три години не ги процесуира.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира