САМКА ИБРАИМОВСКИ ВО СЈО ЌЕ СВЕДОЧИ ЗА ИЗБОРНИ ИЗМАМИ ВО РОМСКИТЕ СРЕДИНИ

    САМКА ИБРАИМОВСКИ ВО СЈО ЌЕ СВЕДОЧИ ЗА ИЗБОРНИ ИЗМАМИ ВО РОМСКИТЕ СРЕДИНИ

    Самка Ибраимовски, лидерот на Партијата за целосна еманципација на Ромите е последниот од серијата сегашни и бивши функционери кои денеска биле викнати да дадат исказ во СЈО. Тој верува дека е викнат во врска со истражната постапка за изборни измами и за дело дискриминација и омаловажување на етничка заедница.

    „Ќе го повикам СЈО да ги земе списоците само од 2011 навака и да види колку манипулации се правеле на сите избори со гласовите на Ромите“, ни изјави Ибраимовски во саботата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира