И СО БЛОКИРАНИ СМЕТКИ ПОПЛАВЕНИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ДРЖАВНА ПОМОШ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    И СО БЛОКИРАНИ СМЕТКИ ПОПЛАВЕНИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ДРЖАВНА ПОМОШ

    Авансната помош за поплавените банките не може да ја корисат за покривање на старите долгови на оштетените во невремето. Дури и оние кои имаат блокирани сметки, парите ќе ги добијат и ќе може да ги подигнат  оти се наменети за помош.

    „Ова се посебни, наменски средства за поплавите и ќе стигнат до сите оштетени. За лицата со блокирани сметки има посебна методологија во согласност со Законот за платен промет“, објасни министерот за финансии Кирил Миноски.

    Министерството за финасии ги извести граѓаните дека за да им бидат уплатени средствата треба да го наведат името и презимето и банката во која сакаат да им бидат уплатени средствата.

    Банките потврдија дека не смеат со авансната помош да ги покриваат долговите кои кон нив ги имаат поплавените.

    „Исплатата на авансната помош за граѓаните од поплавените подрачја во банките се врши готовински, по претходно добиен список од Министерство за финансии и со лична идентификација на пријавените граѓани. Ваквиот начин на исплата е договорен за да се избегне повлекување на тие средства на блокираните сметки кои ги имаат дел од тие граѓани. Потоа граѓаните, ако сакаат, може да си ги стават парите на трансакциска сметка“, изјави директорот за платни системи на НЛБ Банка, Игор Давчевски, за „Мета“.

    За ваквиот начин на исплата на авансната помош банките потпишале посебни договори со Министерството за финансии.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира