ДЕСЕТГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ОД ВЕЛЕШКОТО СЕЛО БАЊИЦА СЕ УДАВИ ВО НАДОЈДЕН ПОТОК

    ДЕСЕТГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ОД ВЕЛЕШКОТО СЕЛО БАЊИЦА СЕ УДАВИ ВО НАДОЈДЕН ПОТОКТелото на детето е пронајдено 300-400 метри подолу од селото (Фото: СДК.МК)

    По 24 часа од исчезнувањето, пронајдено е телото на десетгодишното девојче од велешкото село Бањица.

    Ешуриме Беќирова исчезнала во надојдените води на локалниот поток вчера околу 9 часот, а во СВР Велес настанот бил пријавен половина час подоцна. Нејзиното безживотно тело било пронајдено во надојдениот поток утрово околу 8 часот од страна на роднините, 300-400 метри подалеку од селото.

    „Дежурен лекар беше на самото место и констатираше дека девојчето е починато“, изјави д-р Страхил Тодоров, портпарол на Итната служба при ЈЗУ Здравствен дом Велес.

    Тим за спасување од вода при поплави на ДЗС-Велес, пожарникари на ТППЕ-Велес и механизација беа на терен вчера од 10 до 17 часот, до кога можело да се работи, но нивните претраги беа неуспешни. На местото на настанот е увидна екипа на СВР Велес, чија истрага треба да покаже како детето завршило во потокот.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира